Admir Fazlagic
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва пред Амбасадата на Република Турција во Скопје се собраа стотици граѓани за време на одржување на „Дежуртсво на демократијата" и одбележување на годишнината од обидот за државен удар кој го изведе терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Собраните граѓани го носеа знамето на Турција, ја пееја песни и извикуваа слогани на поддршка на демократски избраната власт во оваа држава.
На присутните им се обрати амбасадорката на Република Турција во Скопје, која потсети дека во текот на изминатите денови со различни активности во Македонија се одбележуваше годишнината од неуспшениот обид за државен удар, кој на 15. јули се случи во Турција.
„Вечерва организиравме комеморативна церемонија во Скопје на кој учествуваа и државни функционери. Се обидовме ова да му истакнаме на секого, доколку не сакате тој предавнички напад извршен во нашата земја, утре да биде извршен тука, дојдете заедно да ги затвараме сите институции поврзани оваа терористичка организација, дојдете деветте училишта на ФЕТО да им ги предадеме на Фондацијата Маариф. Бидејќи знаете дека секој ученик што учи во тие училиште, ќе се образува како еден милитант во Македонија. Ако и вие не сакате да живеете како нас, ве молам од денеска да се обидеме да преземеме мерки“, рече Кара во својот говор пред присутните.
Истакна дека е важно сите да бидат информирани каква терористичка организација е ФЕТО.
„Ве молам раскажете им на вашите соседи и на вашите блиски. Раскажете, со цел истата штета да не се случи тука. Раскажете за да терористичките организации не се множат во другите земји. Дојдете заедно тука да ја завршиме оваа работа, Во Македонија имаат 9 училишта, и тие ги именуваа по еден многу ценет поет. Ние го осудуваме тоа. Избришете го нашиот поет од вашите училишта, избришете ги од проклетите училишта. Нема да дозволиме да се образуваат милитанти од вашите гнезда, нема да дозволиме, до крај ќе се спротивставиме", истакна амбасадорката Кара во своето обраќање.
Граѓаните кои вечерва присуствуваа на овој собир, во неколку наврати извикувајќи различни пароли, го осудија минатогодишниот неуспешен обид за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО.
Во рамките на настанот беше прочитана и молитва во чест на жртвите од 15. јули.
Меѓу другото, на централниот градски плоштад беше поставен билбордот на кој пишуваше „15. јули - Демократијата победи".