Vesna Besic
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина со новиот вид коронавирус, Ковид-19, заразени се 3.519 лица, а за присуство на вирусот извршени се 83.634 тестирања. Како последица на Ковид-19 починаа 170 лица, а излекувани се 2.270, покажуваат податоците на Министерството за цивилни работи на БиХ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според денешниот преглед на податоците, во ентитетот Република Српска од почетокот на епидемијата заразени се 1.905 лица, а извршени се 34.239 тестирања. Од Ковид-19 починале 120 лица, додека 1.258 се излекувани.
Во ентитетот Федерација БиХ заразени се 1.594 лица, а спроведени се вкупно 48.429 тестирања. Потврдени се 46 смртни случаи, додека вирусот го победија 996 лица.
Во Дистриктот Брчко потврдени се 20 случаи на вирусот и извршени се вкупно 966 тестирања. Потврдени се четири смртни случаи, а 16 лица се излекувани.