Admir Fazlagic
26 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) – Собранието на Република Македонија на вечерашната седница ги разреши министрите Аднан Ќахил, од функцијата министер без ресор задолжен за странски ивестиции и Аксал Акмедовски, од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На дневен ред на Собранието денеска беше предлогот на Владата на Република Македонија за разрешување на министрите Ќахил и Ахмедовски. За предлогот на Владата за разрешување на министрите Ќахил и Ахмедовски „за" гласааа 62 пратеници, а воздржани и против немаше. Од вкупно 120 пратеници, на вечерашната седница беа присутнитни 108.
Откако беа изгласани предлозите на Владата за разрешување на министрите Ќахил и Ахмедовски, се премина на гласање за именување на новите министри, кои доаѓаат на нивните места.
Со 64 гласа „за", 1 „возджан" и 6 „против", беше изгласан предлогот на Владата за министер без ресор задолжен за странски ивестиции да биде именуван Д-р Елвин Хасан, додека за предлогот Музафер Бајрам да биде именуван на функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, „за" гласаа 64 пратеници, 4 беа „против" и еден „воздржан".
По изборот на новите министри во Владата на Република Македонија на денешната седница, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери им го честиташе изборот и им посака успех во работата, по што слеуваше потпишување на свечените изјави.
Претходно денеска, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев истакна дека за сега не планира поголема реконструкција на Владата, како и дека причините за разрешување на двајцата министри во Владата, Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски, се политичките партнери.
„Не планирам поголема реконструција на Владата, барем засега. Причините коишто се за разрешување на двајцата колеги се од страната на политичките партиципиенти во власта или нашите политички партнери, се донесени одлуки од страна на раководството на тие партии и бараа соодветна замена“, нагласи премиерот Заев.
Потсетуваме, Аднан Ќахил беше избран за министер без ресор задолжен за странски инвестиции на 1 јуни 2017 година, а Аксел Ахмедовски, беше избран за министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на Ромите во Македонија на 25 декември минатата година.