СКОПЈЕ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес во Анкара го прими претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, јавува Анадолу.
Средбата меѓу Фидан и Гаши се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи во Анкара.
Гаши со своја делегација престојува во четиридневна официјална посета на Туркије.
Тој, претходно денес, во Претседателската палата во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На средбата присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш.
Инаку, Гаши го придружува собраниска делегација која ја сочинуваат Бејџан Иљас, претседател на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Туркије, членовите на оваа пратеничка група, Никола Мицевски и Мерита Колчи Коџаџику, како и пратениците Оливер Спасовски и Беким Сали.
Во текот на утрешниот ден, како што соопштија од канцеларијата за медиуми на Собранието, Гаши ќе биде примен од неговиот турски колега Куртулмуш, по што ќе претседаваат со состанок меѓу двете делегации, а потоа ќе имаат и заедничка изјава. Гаши ќе одржи и поздравен говор на пленарната седница на Генералното собрание на Туркије.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.