Bojana Stojanovic
29 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија уште 7 лица починаа од последиците на Ковид-19 во изминатите 24 часа, заразени се уште 372 лица, а до денеска во земјата се хоспитализирани 4.501 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 24.892 случаи на заразување со Ковид-19.
Од вчера се тестирани 9.653 лица, од кои 372 се позитивни на Ковид-19.
На респиратори се 143 пациенти, што е 13 пациенти помалку отколку што беа вчера.
Во претходните 24 часа починаа уште 7 лица, со што бројот на починати се зголеми на 558 од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во земјата.
Досега се тестирани 650.744 граѓани.