Bojana Stojanovic
27 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија 47 лица починаа од последици предизвикани од коронавирусот во претходните 24 часа, а регистриран е помал број на новозаразени лица, поточно 2.693, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во болниците во земјата има 9.731 пациент, од кои 305 се на респиратори.
Од вчера тестирани се 11.399 лица, од кои 2.693 се позитивни на коронавирусот. Во истиот период починати се 47 лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 3.030. Процентот на смртност е 0,93 отсто.
Во Србија досега се регистрирани вкупно 326.060 случаи на Ковид-19. Досега се тестирани 2.242.785 граѓани.