Andelija Stojkovic
02 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ денес распиша избори за претседател на Србија за 2. април оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Гојковиќ ги повика граѓаните да излезат на изборите и да одлучат кој ќе биде претседател на Србија.
„Ги повикувам граѓаните внимателно да ја следат изборната кампања и со својот глас првенство да ги оценат изборните програми. Ги повикувам граѓаните и им посакувам да го изберат најдобриот кандидат, кој сериозно и одговорно ќе соработува со Владата на Србија и кој заедно со неа ќе работи на зачувување на стабилноста, слободата, независноста и суверенитетот на Србија“, изјави Гојковиќ.
Претседателката на Собранието на кандидатите им порача да ги почитуваат граѓаните и да им се обраќаат со своите квалитетни програми, а не со омраза.
Таа наведе дека кандидатите се борат за гласови со работа и со одговорност, и им порача да ги почитуваат демократските процеси и волјата на граѓаните на Србија.
Изборите мора да бидат распишани 90 дена пред истекот на мандатот на актуелниот претседател, а кампањата може да трае најмалку 30 дена.
Засега се знае дека кандидат за власта ќе биде претседателот на СНС, Александар Вучиќ, кандидат на СРС е Воислав Шешељ, кандидат на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, додека опозицијата ќе има уште двајца независни кандидати, Вук Јеремиќ и Саша Јанковиќ.