Bojana Stojanovic
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 11, а дијагностицирани се 357 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во земјата има 3.173 активни случаи на коронавирусот, додека од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 17.076 случаи.
Од вчера тестирани се 8.567 лица, од кои 357 се позитивни на коронавирусот.
Во претходните 24 часа починаа уште 11 лица, со што досега како последица на коронавирусот починаа 341 лице. Процентот на смртност е два отсто.
На респиратор се приклучени 118 лица.
Досега се тестирани 464.171 граѓанин.