Andjelija Stojkovic
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
БЕЛГРАД
Во Србија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 13 лица, а регистрирани се 344 новозаразени, од 8.659 тестирани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство, Златибор Лончар на прес-конференцијата изјави дека до сега се активни 4.574 случаи, а дека 170 лица се на респиратор.
Тој изјави дека заразени се повеќе од 500 здравствени работници, а дека поголемиот дел се на домашно лекување, а 70 заболени се лекуваат во болница.
Вкупниот број на починати е 418.
Лончар наведе дека вчера во амбулантите за Ковид-19 во Белград биле прегледани 3.225 пациенти и дека се потполнети повеќе од 90 отсто на капацитетите во сите болници.
Директорот на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Србија, Горан Стевановиќ изјави дека клиничката слика на пациентите е потешка и хоспитализацијата трае подолго отколку во првиот пик во март и април, додавајќи дека просечната возраст е меѓу 30 и 50 години.
Стевановиќ изјави дека најмногу заболува популацијата која што најмногу се движи, а тоа е работно активното население.