Zlatan Kapic
16 Јуни 2022•Ажурирај: 16 Јуни 2022
БЕЛГРАД (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Туркије, Мевлут Чавушоглу, во рамки на еднодневната официјална посета на Белград, денеска се сретна со претседателот на Народното собрание на Република Србија, Ивица Дачиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу претходно беше примен од српскиот претседател Александар Вучиќ.
По средбата со Дачиќ, Чавушоглу ќе се состане и со српската премиерка Ана Брнабиќ.
Во турската делегација се и амбасадорот на земјата во Србија, Хами Аксој и поранешниот амбасадор во Белград и актуелен портпарол на Министерството за надворешни работи, Танжу Билгич.
Чавушоглу ќе оствари средба и со шефот на српската дипломатија, Никола Селаковиќ, со кого ќе одржи заедничка прес-конференција.
Министерот за надворешни работи на Туркије, Чавушоглу, по посетата на Србија ќе ги посети Северна Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово.