Sanja Janackovic
23 Мај 2021•Ажурирај: 24 Мај 2021
ДИМИТРОВГРАД (АА) - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во Димитровград се сретна со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, јавува Агенција Анадолија (АА).
По нивниот тет-а тет разговор, во салата на спортско-туристичкиот центар „Цариброд“ се состанаа и државните делегации.
Работната посета опфаќа средба на Вучиќ и Радев со претставници на бугарското национално малцинство, а потоа откривање на споменикот на Св. Кирил и Методиј на свечена церемонија во дворот на гимназијата во Димитровград што го носи нивното име. Програмата на посетата ќе заврши со обиколка на реконструираната зграда на училиштето.
Сообраќајот во центарот на Димитровград привремено е сопрен, а по главната улица се поставени српски и бугарски знамиња и пораки за добредојде на претседателите на српски и бугарски јазик.