Adis Karadza,Bedrudin Brljavac
22 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа регистрирани се 518 случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на активни случаи во Хрватска се зголеми на 4.361, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од вкупната бројка на активни случаи на коронавирусот, 1.217 пациенти се на болничко лекување, а 123 заразени се на респиратор.
Во последното деноноќие починаа 27 позитивни на Ковид-19.
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, досега, регистрирани се 353.735 лица позитивни на коронавирус, од кои починаа 7.883. Во последното деноноќие регистрирани се 763 оздравени лица, вкупно 341.491 од почетокот на епидемијата.
Во Хрватска во моментов во самоизолација се наоѓаат 15.804 лица.
Во последните 24 часа извршено е тестирање на 6.497 примероци сомнителни на коронавирус, со што вкупната бројка на тестирања во Хрватска се зголеми на 1.965.385.
Заклучно со 21 мај, во Хрватска се администрирани 1.549.368 дози од вакцините против Ковид-19. Досега прва доза од вакцината примија најмалку 1.157.655 лица, додека 391.713 лица ги примија и двете дози од вакцината.