Eren Beksaç
15 Декември 2024•Ажурирај: 16 Декември 2024
ПРИШТИНА (АА) - Стотици луѓе облечени во костими на Дедо Мраз учествуваа во трката што се одржа во центарот на Приштина, главниот град на Косово, известува Анадолу.
Стотици луѓе облечени како Дедо Мраз учествуваа на 9. Трка „Трчај Дедо Мраз“ (Vrapo Babadimer) што се одржа годинава на плоштадот Захир Пајазити во центарот на Приштина.
И покрај дождот, луѓе од сите возрасти учествуваа во трката на 3 километри, на која спортуваа и се забавуваа.
Приходите од настанот се наменети како донација за економски ранливите категории во земјава.