Admir Fazlagic
27 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Откако дел од собраните граѓани кои протестираат пред Собранието на Република Македонија предводени од граѓанската иницијативата „За заедничка Македонија", влегоа во зградата на Собранието и имаше тензична атмосфера, дел од дипломатите на странските земји одржаа прес-конференција на која порачаа граѓаните да се воздржат од насилство и повикаа на дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).
Во име на собраните амбасадори се обрати амбасадорот на Шведска, Матс Стефансон, кој во своето обраќање изјави дека насилството е неприфатливо и повика граѓаните да се воздржат бидејќи е време за дијалог, а не за насилство.
„Ова е време за дијалог не е време за насилство, апелираме до сите страни да се воздржат од потпалувачка реторика и од активности коишто можат да ги разгорат работите", рече амбасадорот Стефансон.
Тој апелираше дека полицијата има обврска за одржување на редот и мирот.
На прес конференцијата присуствуваа амбасадорите на Велика Британија, Германија, Италија, Хрватска и други.