Ekip?
27 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) – За време на продолжувањето на протестите пред Собранието на Македонија, маскираните лица кои влегоа во Собранието ги држат како заложници некои пратеници внатре во Собранието, како и припадници на медиумите, меѓу кои е и снимателот на AA, јавува Anadolu Agency (AA).
Сè уште продолжуваат протестите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието каде што Талат Џафери, пратеникот од Демократската унија за интеграција (ДУИ) беше избран за претседател на Собранието. Маскираните групи кои насилно влегоа во Собранието ги држат како заложници некои пратеници, како и некои припадници на медиумите, меѓу кои и камерманот на АА од Скопје.
Во настанатиот случај лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и неколку други пратеници се повредени. Забележано е дека припадниците на оваа група, кои насилно влегоа во Собранието, носеа пиштоли и ги прашаа припадниците на медиумите за кој медиум работат, и нападнаа неколку лица.