Студенти од цела Србија пеш и со велосипеди пристигнуваат во Белград на масовен протест
Голем број граѓани се собраа на Теразије за да ги пречекаат студентите

БЕЛГРАД (АА) - Студенти од цела Србија пристигнуваат во главниот град Белград, пеш и со велосипеди, за да присуствуваат на масовниот антивладин протест закажан за утре (сабота), јавува Анадолу.
Голем број граѓани се собраа на Теразије за да ги пречекаат студентите.
Протестите, предводени од универзитетските студенти, започнаа во ноември, по уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.
Оттогаш демонстрации се одржуваат речиси секојдневно, а овој собир се очекува да биде еден од најголемите антивладини протести во поновата историја на Србија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.