Husamedin Gina
16 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
ДОЛНЕНИ (АА) - Турската агенција за меѓународна соработка и развој (ТИКА) денеска во селото Дебреште, Општина Долнени во Северна Македонија, дистрибуираше садници од ореви на вкупно 120 семејства, јавува Агенција Анадолија (АА).
Церемонијата за доделување на садниците од ореви се одржа пред канцеларијата на Здружението „Јакуп Ефенди“, членка на МАТУСИТЕБ, каде што се реализираат курсеви по турски јазик.
На доделувањето на садниците присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, координаторот на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, координаторот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин, и голем број жители.
Амбасадорот Секизќок, кој симболично ги предаде првите садници на жителите од селото, рече дека ги пренесува поздравите од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, од министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и од граѓаните на Турција.
„Денес сме собрани тука на церемонијата за дистрибуција на садници од орев. И покрај тоа што на ова се гледа како на симболичен гест, тоа се важни обиди да се развие разновидност во производството во овие области. Ќе следува и друга поддршка“, нагласи Секизќок.
Во рамките на посетата, Секизќок се сретна и со Џемил Садула, претседател на Здружението „Јакуп Ефенди“, од кого доби информации за населението во селото Дебрешта.
Како резултат на важноста од одгледувањето овошје во обезбедувањето економска разновидност, ТИКА денеска дистрибуираше 10.240 фиданки од ореви на 308 семејства во регионите Долнени, Пласница и Кичево, кои се значајни за подигнување на животниот стандард на населението што живее во руралните подрачја под ограничени услови.