Andelija Stojkovic
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
БЕЛГРАД (АА) - Турската лира од 1 декември ќе биде на листата на валути со кои се тргува на девизниот пазар во Србија, одлучи Извршниот одбор на Народната банка на Србија, јавува Anadolu Agency (АА).
„При донесувањето на одлуката, НБС се раководеше од учеството на Турција во надворешнотрговската размена на Србија, како и од потенцијалот за зајакнување и подобрување на економската соработка меѓу Србија и Турција во наредниот период“, се вели во соопштението од кабинетот на гувернерката Јоргованка Табаковиќ на веб-сајтот на НБС.
„Со воведувањето на турската лира на листата на валути со кои се тргува на девизниот пазар, се олеснува работењето на турските и домашните компании коишто соработуваат едни со други, што позитивно ќе се одрази на обемот на надворешнотрговската размена. Се очекува воведувањето на турската лира да влијае стимулирачки на спроведувањето на заедничките економски проекти на Србија и Турција“, се вели во соопштението.
Како што се додава, предвид се зема бројот на турските државјани што ја посетуваат Србија.
Турската валута ќе се воведе на курсната листа со името „турска лира“, со кратенката TRY и со нумеричка ознака 949.