Emel Öz Gözellik
12 Април 2019•Ажурирај: 14 Април 2019
АНКАРА (АА) – Истражување спроведено во Соединетите Американски Држави (САД) откри дека спортот може да ве направи посреќни отколку парите, јавува Anadolu Agency (AA).
Истражувачите од американскиот Универзитет „Јејл“ и Универзитетот „Оксфорд“ во Англија, во период од 5 години, на најмалку 1,2 милион Американци ги анализираа нивните приходи, физички активности и психолошкиот статус. На учесниците им било поставено прашањето колку пати се чувствувале психички лошо во текот на последните 30 дена.
Во истражувањето се наведува дека оние што вежбаат редовно се чувствуваат депресивни 35 дена во годината, а дека кај оние што не се физички активни, бројот на депресивни денови е искачен на 53.
Во истражувањето е откриено дека физички активните луѓе се чувствувале подобро од оние луѓе што заработувале 25.000 долари повеќе од нив, но не спортуваат.
Истражувачите истакнаа дека тоа не значи дека колку спортуваш, толку си подобар. Но сепак, според нив, најидеално е ако неделно спортуваш од 3 до 5 дена по 30 до 60 минути.
Резултатите од анализата се објавени во списанието „Лансет“ (The Lancet).