Vanesa Balicevac,Sanela Crnovrsanin
17 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватското Министерство за поморство, транспорт и инфраструктура соопшти дека на отворено море кај островот Јабука, почнал да тоне транспортен брод под турско знаме, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хрватското Министерство соопшти дека транспортниот брод „Хакса“ почнал да тоне во утринските часови. По примената порака за помош во Центарот за пребарување и спасување - Риека, спасувачки бродови од Хрватска и Италија и реморкери (бродови кои влечат други бродови) на фирмата „Бродоспас“ се упатиле кон местото на несреќата.
На бродот со должина од 85 метри се наоѓале 13 члена на екипажот, од кои 11 турски државјани и двајца државјани на Индија. Со помош на италијанскиот танкер „Валкадореа“, евакуирани се 8 члена на екипажот, а капетанот на бродот и уште четворица членови на екипажот решиле да останат на бродот.
Во соопштението се додава дека 8-те евакуирани члена на екипажот се префрлени на пристаништето во Сплит, а преостанатите 5 члена на екипажот, до доаѓањето на други спасувачки екипи, ќе се обиделе да го спречат потонувањето на бродот.