Bojana Stojanovic
10 Мај 2021•Ажурирај: 14 Мај 2021
БЕЛГРАД (АА) - Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, и амбасадорот на Турција во Србија, Хами Аксој, потврдија дека ќе дојде до размена на дипломатски ноти за заемно признавање на електронските валидации на потврдите за извршена вакцинација против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа размена би требало да се случи во следните неколку дена, по што може да се очекуваат одлуките на Владата на Турција и Владата на Србија, со кои ќе им се дозволи влез на граѓаните на другата земја со поседување дигитален сертификат за вакцинација, соопшти Министерството.
„Олеснетото доаѓање на турските туристи ќе ја подобри ситуацијата на туристичкиот сектор во Србија, а ова е исто така добра вест и за нашите граѓани на кои ќе им се овозможи полесно патување во Турција, имајќи предвид дека Турција е една од омилените дестинации на српските туристи. На овој начин, и Србија и Турција можат да очекуваат значително подобра летна туристичка сезона од претходната“, наведе српската министерка Матиќ.