Admir Fazlagic
17 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Партијата за движење на Турците (ТХП) во Македонија денеска испрати писмена реакција во која наведува дека не е задоволителен бројот на Турците вработени во јавната администрација во Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Кога ќе се анализира извештајот на Министерството за информатичко општество и администрација, јасно се гледа дека до 2016 година Турците се сосема заборавени при имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Според официјалните статистики вкупно 145.000 граѓани добиваат плата од државниот буџет, додека пак учеството на граѓаните од турската етничка заедница е само 1.61%. Тоа значи дека во администрацијата има вкупно 1.781 граѓанин од турската етничка заедница”, се вели во соопштението на ТХП потпишано од Енес Ибрахим, генералниот секретар на оваа партија и пратеник во Собранието на Македонија.
Според соопштението на оваа партија, поради фактот што „Охридскиот рамковен договор не е спореведен транспаренто и праведно за Турците не се доволно претставени во државната и јавната администрација."
Тие сметаат дека се потребни итни реформи со кои ќе се овозможи праведно спроведување на Охридскиот рамковен договор во однос на помалку бројните етнички заедници.
Потсетуваме, според најновиот Годишен извештај за 2016 година на Министерството за информатичко општество и администрација, кој произлегува од регистарот на вработени во јавниот сектор, во Македонија се вработени 129.653 лица.
Од вкупниот број вработени за 2016 година, 82.900 се Македонци (75,15%), 21.279 Албанци (19,29%), 1.781 Турци (1,61%), 1.272 Срби (1,15%), 1.215 Роми (1,10%), 479 Бошњаци (0,43%), 478 Власи (0,43%), а 907 лица (0,82%) од други заедници или недекларирани.