Балкан

Уште тројца повредени во пожарот во Кочани пренесени на лекување во Туркије

Повредените се пренесени со амбулантен авион испратен од турското Министерство за здравство

Shpetim Hiseni  | 20.03.2025 - Обновена : 21.03.2025
Уште тројца повредени во пожарот во Кочани пренесени на лекување во Туркије Фото: Амбасада на Туркије во РСМ

СКОПЈЕ (АА) - Уште три лица тешко повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани се пренесени во Истанбул со амбулантен авион на турското Министерство за здравство, јавува Анадолу.

Амбулантниот авион за пренос на уште три лица повредени во пожарот пристигна во Северна Македонија за да го изврши трансферот, а на Меѓународниот аеродром Скопје беше присутен и турскиот амбасадор Фатих Улусој.

По трансферот на повредените од болницата, авионот замина за Истанбул.

Пациентите ќе се лекуваат во болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул.

Претходно, девет повредени лица во трагедијата во Кочани веќе беа испратени на лекување во Туркије.

Во раните утрински часови на 16 март, страотен пожар избувна во дискотека во Кочани, при што загинаа 59 лица, а над 170 беа повредени.

Северна Македонија прогласи седумдневна жалост по трагедијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın