Stipe Majic,Sanela Crnovrsanın
10 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, истакна дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле побараните критериуми за започнување на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ), и дека сега е време тие да го одржат даденото ветување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лејен оствари посета на Хрватска каде што се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
На заедничката прес-конференција со Пленковиќ, Лејен нагласи дека на средбата разговарале за темите на кои ќе се фокусираат во текот на претседавањето на Хрватска.
Според неа, наредните месеци се исклучително важни за нивните односи со Балканот.
Таа рече дека пред Самитот кој ќе се одржи во мај во Загреб, со јавноста ќе бидат споделени новите услови за пристапување кон ЕУ.
„Новите услови не треба да влијаат врз условите и критериумите кои ги исполнија земјите од Западен Балкан. Северна Македонија и Албанија ги исполнија критериумите потребни за започнување на пристапните преговори. Сега е редот ние да го одржиме даденото ветување“, рече таа.
Лејен истакна дека на 17 февруари ќе организираат програма за донација за Албанија која се соочи со големи штети од земјотресот во ноември минатата година.