Mehmet Hatipoğlu
11 Јануари 2020•Ажурирај: 12 Јануари 2020
КОМОТИНИ
Најмалку 12 лица смртно настрадаа при потонување на брод на островот Пакси во Јонското Море, во западниот дел на Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се претпоставува дека на бродот се наоѓале околу 50 нерегуларни мигранти. Локалните медиуми наведуваат дека од бродот бил упатен повик за помош, по што екипите излегле на терен.
Спасувачките екипи успеаја да спасат 21 лице, а ги извлекоа и телата на 12 починати. И понатаму трае акцијата за пронаоѓање и спасување, бидејќи екипите не се сигурни колку лица се наоѓале на бродот.