Bekim Laci
24 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на денешната заедничка прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, одржана во Скопје, ја промовираше Охридксата група која има за цел да ја поддржи земјата кон членство во НАТО и Европската унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
За време на промовирање на работата на оваа група, премиерот Заев нагласи дека Охридската група ќе се ангажира за завршуавање на потребните работи за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
Заев рече дека групата се состои од потврдените пријатели на Македонија, како поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, како и Хавиер Солана, Карлд Билд, Роберт Гелбарт, Ален Лероа, Волфганг Исингер и други.
„Групата Охрид за поддршка на Република Македонија е неформална група составена од членови со различен искучително импресивен професионален политички беграунд со различна политичка припадност. Истовремено, активностите на групата и на одделни нејзини членови кои ставија силни печати на нивната политичка и дипломатска кариера ќе претставуваат ограмна поддршка и за нашите напори за изградба на демократска, стабилна, просперитетна и европска Република Македонија", изјави Заев.
Тој додаде дека пријателите се тука да го поддржат и помогнат за членствона Македонија во НАТО.
„Да се има пријатели со една таква мисија е особено значајно и охрабрувачки. Република Македонија и НАТО се блиски пријатели веќе 22 години. Партнерството го помина тестот на времето и ја докажа способноста на нашата земја да се адаптира на стандардите на Алијансата и да ги применува соодветно критериумите на НАТО", порача Заев.
Македонскиот премиер додаде дека неговата земја ја докажала посветеноста кон партнерството на НАТО и и споделувањето на истите вредности во заедничките мисии.
Премиерот Заев изрази надеж 2018 година да биде историска година за Македонија, но и за регионот.
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон, се осврна на настаните од 2001 година кога имал улога во ставањето крај на вооружениот конфликт во Македонија. Тој нагласи дека оваа група поради важноста на градот Охрид, го добила своето име.
„Државата која беше на прагот на граѓанска војна се претвори во една земја која тропа на вратите на Европа“, рече Робертсон.
Запрашан да коментира околу спорот со името и ризикот Македонија да не биде членка на НАТО, Робертсон рече дека неговата група ќе ја советува владата на Македонија и министрите, но нагласи дека важните прашања земјата треба сама да ги реши.
„Постојат некои прашања кои треба да бидат решени од страна на Македонија и Грција и соседите, кои треба да го постават прашањето како би сакале идните генерации ние денес да гласаме и да дејствуваме“, истакна Робертсон.
Тој додаде дека важно е Македониа и нејзините граѓани да се ангажираат, да донесат одлуки, кои можеби нема да бидат лесни, но значајни за иднината.