Tarek Chouiref
26 Ноември 2026•Ажурирано: 26 Ноември 2026
Капетанот на танкер пријавил експлозија во близина на бродот 50 наутички милји западно од Дубаи, соопшти рано утрово Британскиот центар за поморски трговски операции (УКМТО), пренесува Анадолу.
Капетанот ја припишал експлозијата на неидентификуван проектил. Сите членови на екипажот се безбедни, и не е пријавена никаква штета на танкерот или влијание врз животната средина, соопшти Агенцијата.
УКМТО го класифицира инцидентот како „сомнителна активност“ и им советува на бродовите во областа да продолжат со претпазливост додека властите истражуваат.