Stipe Majic
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.323 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2 и 47 смртни случаи од овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува вкупно 19.161, а меѓу нив 2.093 пациенти се на болничко лекување, од кои 244 се на респиратор.
Починаа 47 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес, регистрирани вкупно 108.014 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 1.445 починаа, вкупно 87.408 се излекувани, од кои 2.390 во последните 24 часа“, наведуваат од Главниот штаб.
Во самоизолација моментално се 40.762 лица.
До денес тестирани се 692.048 лица, од кои 8.944 во последните 24 часа.
Во Загреб во изминатите 24 часа евидентирани се 445 нови случаи на Ковид-19, соопштија од Институтот за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“.
Во моментот во Загреб има 3.775 активни случаи. Бројот на лица тестирани со брзи, антигенски тестови е 978, од кои околу 25 отсто, т.е. 248 се позитивни.