Mahmut Geldi
21 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
БЕЈРУТ (АА) - Министерството за здравство на Либан потврди дека во земјата е регистриран првиот случај на заразување со коронавирусот (Ковид-19), а се работи за лице кое допатувало од Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).
- Страв и вознемиреност во Иран по петтиот смртен случај од коронавирусот „Ковид-19“ -
Министерот за здравство, Хамад Хасан, на прес-конференцијата во Бејрут изјави дека заразувањето со коронавирусот е потврдено кај 45-годишна жена, која во Либан допатувала од иранскиот град Ком.
Хасан изјави дека лицето е во добра здравствена состојба. Тој додаде дека за уште најмалку две лица се сомнева дека се заразени со вирусот.
Новиот тип на коронавирус е откриен во кинескиот град Вухан, а низ светот се заразени повеќе од 76.700 лица.
Како последица на заразувањето со коронавирусот починаа 2.247 лица.
Во Кина починаа 2.236 заразени, во Хонгконг 2 лица, во Иран 2, во Јапонија 3 и во Јужна Кореја, Тајван, Филипини и Франција, по едно лице.
Во Кина се заразени 75.465 луѓе, во Хонгконг 69, во Макао 10 и во Тајван, 24 лица.
Податоците на здравствените институции покажуваат дека во Јапонија се заразени 727 лица, во Јужна Кореја 156, Сингапур 85, Тајланд 35, Малезија 22, Австралија 17, Виетнам 16, Германија 16, САД 15, Франција 12, Велика Британија 9, Обединети Арапски Емирати 9, Канада 8, Иран 5, Италија 3, Индија 3, Филипини 3, Русија 2, Шпанија 2, Непал едно, Шри Ланка едно, Камбоџа едно, Белгија едно, Шведска едно, Финска едно и во Египет едно лице.