Stipe Mayiç
10 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
ЗАГРЕБ (AA) - Во седиштето на Министерството за внатрешни работи на Хрватска претставена е акција со кодното име „НАНА" во која хрватската полиција во соработка со полиции од неколку земји заплени 100 килограми кокаин кој со брод од Јужна Америка стаса во пристаништето Ријека, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата учествуваа претставници на словенската, австриската и германската полиција и ДЕА, а началникот на Управата на криминалистичката полиција Анте Гудељ се заблагодари на соработката на колегите од холандската, италијанската, шпанската, панамската и колумбиската полиција и Европол.
Гудељ истакна дека меѓународната правосудна и полициска соработка траела преку година дена, од товарење на товарот во Панама и неговиот превоз се до координирана акција на апсење на извршителите која се одвиваше во четири држави.
Целата акција е координирана од центарот на Криминалистичката полиција во Загреб.
„Велат дека тоа е една од најтешките акции во историјата на хрватската полиција. Ова е доказ на силата на обединетите национални полиции кои во своето делување немаат национални граници, туку за цел имаат борба против криминалитет", рече началникот Гудељ.
„Акцијата 'НАНА' започна на почеток на 2017 година. Во редовно профилирање на ризикот во контејнерскиот промет од страна на царинскиот полициски службеник утврдени се одредени нелогичности, кога се препознаени можности на злоупотреба односно криумчарење", рече Брнад Хари од Приморско-горанската Полициската управа.
„Истовремено е започната меѓународна полициска соработка, а детектирана е соработка на припадниците на хрватската криминална ќелија во рамките на 'Балканскиот картел' и 'Колумбискиот картел' кој делува на подрачјето на повеќе држави на Латинска Америка", изјави Дражен Растовиќ од Одделот за наркотици на МВР на Хрваска.
Растовиќ рече дека на самиот почеток истрагите на вооченото лице кои се предмет на полициски интерес преку 10 години, а со оглед дека таканаречениот „Балкански картел" делувал на подрачје на повеќе држави, било потребно да се покрене меѓународна полициска соработка.
„Со помош на американската агенција ДЕА и колумбиската полиција детектиравме, со колегите од Панама, конјтејнер во кој, како и во претходните контејнери беа пробни, беше детектиран метален отпад", рече Растовиќ.
Контејнерот е транспортиран од Панама преку Малта на подрачјето на Република Хрватска, на контејнерски терминал Брајдица во Ријека.
Потрагата по контејнерот започнала по судски налог во соработка со полициски и царински службеници кои меѓу металниот отпад пронашле 100 пакети кокаин паркиран по килограм во правоаголни пакети и дополнително заштитени, херметички затворени за да не би можело лесно да се детектира. Начинот на пакување и криење на дрогата упатува на висока организираност на криминалната група, односно злосторничко здружување.
Кокаинот бил скриен во 20 тони метален отпад, во метални, херметички затворен со оловна облога и омот
Кокаинот беше скриен во 20 тони метален отпад, во метални, херметички затворени резервоари со оловна облога.
„Правиме се што е во наша моќ да ги разбиеме и запреме операциите на меѓународните криминални групи, каде и да делуваат. Наднационална криминална организација, каква што е откриена во акцијата 'НАНА', се комплексни по својот состав, постојано ја менуваат својата тактива и постојано еволуираат за да избегаат од законот", рече Метју Филман, атеше на регионалната канцеларија на ДЕА во Хрватска.
Во командниот центар беа и припадници на царинската управа, хрватската полиција, словенската полиција, Европол и ДЕА. На уапсените и истрагите им се пристапи координирано на подрачјето на Загреб, Ријека и остовот Лошиња, потоа Холандија, Германија и Словенија.
Притоа е разбиена криминалната ќелија на Балкански картел и фатени се припадници на Колубиски картел. Во септември и декември 2017 година уапсени се четири лица, а на 7 март оваа година уапсени се седум лица, и тоа пет хрватски државјани, еден шпански, односно колумбиски и еден холандски државјанин. Вкупно во Хрватска се фатени 11 лица, а севкупно се уапсени 13 припадници на Балканскиот и Колумбискиот наркокартел за кои се очекуваат повеќегодишни затворски казни.
Во акцијата „НАНА" запленети се вкупно 100 килограми кокаин, 145 килограми марихуана, 70.000 кутии цигари кои се проценети на 2,5 милиони хрватски куни и 55.000 евра.
Оперативната акција и понатаму се спроведува, истакнаа од хрватското МВР.