Stipe Majic
19 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска извести дека се откриени четири нови случаи на коронавирусот во последните 24 часа, а дека бројот на смртни случаи во земјата е зголемен за еден нов случај, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во изминатите 24 часа, во Хрватска се потврдени четири новозаболени лица од коронавирусот.
Во изминатиот период почина едно лице, со што се зголемува бројот на починати од коронавирусот на 96.
Во Хрватска досега се потврдени вкупно 2.232 заболени и 1.967 оздравени.
Досега се тестирани 55.800 лица, од кои 980 во последните 24 часа.
Хоспиталиизрани се две лица помалку од вчера, што значи дека 120 лица се на болничко лекување, од кои десет пациенти се на респиратор.