Bojana Stojanovic
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија уште три лица починаа како последица на коронавирусот во изминатите 24 часа, а дијагностицирани се уште 34 заразени лица, што значи дека вкупниот број се искачи на 10.733, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од вчера, тестирани се 5.298 лица, а позитивни на вирусот се 34 лица.
Хоспитализирани се 808 пациенти, а на респиратори се 15 пациенти.
Во претходните 24 часа починаа уште три лица како последица на коронавирусот, со што бројот на смртни случаи досега порасна на 234. Стапката на смртност изнесува 2,18 отсто.
Досега во земјата излекувани се 4.904 пациенти, а тестирани 190.683 лица.