Samir Kajoševic
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ПОДГОРИЦА
Основното државно обвинителство во Никшиќ одреди задржување до 72 часа на будимљанско-никшиќкиот епископ Јоаникије поради организирање литија во тој град на која се собраа повеќе илјади луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јоаникије синоќа е сослушан во Основното државно обвинителство во Никшиќ откако полицијата му ја врачи поканата.
Притвор до 72 часа им е одреден и на свештениците на Соборниот храм во Никшиќ, Данило Зиројевиќ, Жељко Ројевиќ, Остоји Кнежевиќ, Мирко Вукотиќ, Василије Брориќ, Драган Крушиќ и Никола Маројевиќ, додека свештеникот Слободан Јокиќ не е испитан бидејќи е во болница.
„Тие се товарат за кривичното дело непостапување по здравствените прописи за сузбивање на опасна заразна болест, бидејќи спротивно од наредбите на Министерството за здравство ја прекршија забраната за собирање на јавно место и организираа вршење верски обред - литија на улиците на градот Никшиќ, на која присуствуваа поголем број граѓани“, стои во соопштението на Обвинителството.