Samir Kajosevic
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора е регистриран нов случај на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора рекоа дека во текот на викендот се направени 128 анализи од кои едно беше позитивно.
„Во денешните анализи еден од примероците беше позитивен. Се работи за импортиран случај кој претходната седмица престојуваше во Босна и Херцеговина и кој од превентивни причини и на сопствено инсистирање престојувл во самоизолација каде и моментално се наоѓа", наведоа од Институтот.
Како што се наведува, епидемиолошкото истражување е во тек а иницијалните податоци укажуваат дека бројот на контакти е минимален. Националното координативно тело за заразни болести на 2 јуни прогласи крај на епидемијата на Ковид-19. Одлуката за прогласување крај на пандемијата е донесена откако во Црна Гора 28 дена немаше нови случаи на коронавирусот.