Muhammed Emin Canik
15 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Во Бразил, која е втора по ред најпогодена земја од пандемијата во светот, во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 612 лица, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со овој вирус достигна 43.332, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил соопшти дека бројот на заразени со коронавирусот во последното деноноќие се зголемил за 17.110 и дека од почетокот на епидемијата во земјата се дијагностицирани вкупно 867.624 случаи.
Бројот на смртни случаи се искачи на 43.332 со раст од 612 во последните 24 часа.
Бразилската сојузна држава Саун Пауло, која има 46 милиони жители и е центар на трговијата во земјата, моментално е најтешко погодена, со 178.202 случаи и 10.694 починати.
Во Рио де Жанеиро, која е втора најпогодена држава во Бразил, регистрирани се вкупно 79.572 случаи со Ковид-19, а починаа 7.672 лица.
Бразил ја остави Велика Британија зад себе и стана втора земја во светот според бројот на смртни случаи и заразени со Ковид-19, по Соединетите Aмерикански Држави (САД).
Бразил, кој има над 211 милиони жители, се смета за епицентар на епидемијата во регионот.