Samir Kajoševic
25 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 22 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје соопштија дека се анализирани 267 примероци од кои 22 беа позитивни на Ковид-19.
„Седум од новооболените се регистрирани во Рожаје, шест во Бијело Поље и по два случаи во Будва, Пљеваљ и Подгорица. По еден случај е регистриран во Тузи, Котор и Бар", соопштија од Институтот.
Во Црна Гора моментално има 87 активни случаи на Ковид-19.