Ahmet Sertan Usul
25 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 165.706, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 52.303 тестирања за Ковид-19, од кои 1.458 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа почина уште 21 лице како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.472 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 3.135.424 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 193.115 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.046 лица.
На интензивна нега се наоѓа 941 лице, 369 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 165.706 лицa.
„Забележан е раст во бројот на лицата кои се на интензивна нега. Но, намалено е времетраењето на престојот на интензивна нега како и вкупното времетраење на лекувањето на пациентите. Бројот на новооткриени случаи покажува дека се намалени мерките. Бројот на откриени случаи во светот е во пораст“, напиша Коџа.