Adel Ömeragic
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Которчанецот Горан Ленац (33), поранешен фудбалер, почина синоќа откако околу 19 часот во него пукаше непознато лице. Ленац тренираше на стадионот Бокељ, кога му пришло машко лице и го застрелало во главата, јавува Anadolu Agency (AA).
Ленац најпрвин е префрлен во которската болница, каде што лекарите се бореа за неговиот живот, но тој им подлегна на повредите.
Ленац е поранешен фудбалер на Бокељ.
Полицијата презема активности за идентификација на лицето кое пукало во Ленац.