Adel Ömeragiç
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Пратениците на црногорскиот Парламент го усвоија предлог-законот за извршување на одлуката на Уставниот суд, со која се укинува надоместокот за мајките со три и повеќе деца. За овој предлог на Владата гласаа 41 пратеник на владејачкото мнозинство, а претседателот на Либералната партија, Андрија Поповиќ, беше воздржан, јавува Anadolu Agency (AA).
Уставниот суд на 19. април ги укина одредбите на Законот за дополнување на Законот за социјална и детска заштита, со кои беше предвиден тој надоместок, оценувајќи дека не се во согласност со највискиот правен акт.
Пратениците не го прифатија амандманот на пратеникот Андрија Поповиќ, дека мајките со 25, односно со 15 години работен стаж, кои примале надомест, ќе продолжат да го добиваат до стекнувањето право за пензија.
По ваквите одлуки на Собранието, околу 18.000 жени остануваат без надоместокот, а околу 4.000 жени кои правото на надоместок го оствариле по напуштањето на работното место, него ќе го земаат во период од три до пет години, во зависност од возраста.
Околу 13.000 жени ќе бидат вратени на Бирото за вработување, додека околу 5.000 жени кои беа кориснички на пензии пред остварувањето на правото на надомест, повторно ќе бидат вратени на пензиите.