Sinan Uslu
19 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитки до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод референдумот во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Исто така, честитки до претседателот Ердоган упатија и премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Словенија, Борут Пахор и премиерот на Либан, Саад Харири.
Според информациите добиени од претседателски извори, референдумското гласање коешто заврши со „да“ за уставните промени, беше повод за упатените честитки од наведените претседатели и премиери во телефонските разговори со турскиот претседател Ердоган.