Derya Gülnaz Özcan
22 Јуни 2022•Ажурирај: 23 Јуни 2022
АТИНА (АА) - Здравствените работници одржаа штрајк во грчкиот главен град Атина со барање да се зголеми бројот на персоналот и буџетот наменет за здравствениот систем, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со апел од Федерацијата на вработени во државните болници на Грција, здравствените работници одржаа штрајк во Атина и во околината, а дел од нив одржаа протест пред зградата на Министерството за здравство.
Во овие рамки беше одржан марш кој започна на плоштадот „Мавили“ и заврши пред зградата на Министерството за здравство.
Демонстрантите извикуваа пароли пред Министерството, укажувајќи на намалувањето на бројот на персоналот во овој сектор.
Исто така, демонстрантите бараа да се одвои поголем дел од државниот удел за здравствениот сектор.