Ahmet Gençtürk
30 Март 2022•Ажурирај: 31 Март 2022
АНКАРА (АА) - Шумски пожар избувна вчера во шумска област на грчкиот остров Самос на Егејското Море, објави државната новинска агенција АМНА (AMNA), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Пожарот избувна во близина на Манастирот „Вронта“ во источниот дел на островот, а селото Вурлиотес беше евакуирано од превентивни причини“, се вели во оваа вест.
Според соопштеното, 80-годишен маж е уапсен како наводен пироман.
Четириесет и девет пожарникари, 12 противпожарни возила и 3 копнени екипи го гаснат пожарот, со помош на 3 авиони и 1 хеликоптер.
„Покрај тоа, 40 волонтери и локалните власти работат во областа“, се забележува во веста на АМНА.
Пожарникари и противпожарни возила се, исто така, дополнително ангажирани од Атина за да го стават пожарот под контрола.