Husamedin Gina
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести се очекува да биде на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври, истакна претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска одржа неформална средба со претставници на медиумите, на која се разговараше за тековните и идните активности на Собранието.
По крајот на неформалната средба претседателот Џафери одговори на новинарски прашања.
Џафери, истакнувајќи дека поради разногласието на партиите, измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести наместо на собраниската седница на 20 октомври, се ставени на наредната седница која ќе се одржи на 27 октомври.
„На 20 октомври пред седницата пратеничките групи изразија неусогласеност во ставовите околу Законот и од таа причина не го поднесов на одлучување пред пратениците“, рече Џафери, додавајќи дека околу усогласеноста на ставовите меѓу пратеничките групи ќе може да дознае на редовната координација со пратеничките групи која ќе биде одржана в понеделник.
На новинарско прашање дали на пратениците ќе им каже колку е значајно донесувањето на Законот за заштита на населението, Џафери рече дека нема потреба да ги потсетува на свесност и на совесност во однос на потребата за носење на законот.
Инаку, новите мерки за заштита на населението предвидуваат забрана на јавни собири по 22 часот, како и на семејни собири со повеќе од четворица гости и задолжително носење на маска на отворено.
Претседателот Џафери, во однос на информациите во медиумите за набавка на 100 компјутери за пратениците, рече дека компјутерите се набавени за службите во Парламентот, а не за пратениците.
Исто така додаде дека набавката на компјутерите немаат никаква врска со одржувањето на онлајн седниците на Собранието и дека се набавени во рамки на проектот со швајцарската Амбасада и Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ).