Merve Özlem Çakır
26 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
АНКАРА (AA)
- Mерве Озлем ЧАКИР
И оваа година, како што беше и во 2021, „Епл“ (Apple) е највредниот бренд на светот со 355 милијарди долари, а по него следува „Амазон“ со вредност од 350 милијарди долари, пишува Агенција Анадолија (АА).
„Бренд финанс“, меѓународната организација за вреднување на брендови, го објави извештајот „Највредните 500 бренда во светот - Глобал 500, истражување за 2022 година.“
Анализирајќи ги објавените податоци, новинарот на АА дојде до податокот дека „Епл“, кој ја зголеми својата вредност за 35 отсто во споредба со минатата година, со вкупна вредност од 355 милијарди долари, успеа да ја задржи титулата „Највреден бренд во светот“. „Епл“ беше на тронот на ова истражување и во 2021 година со вредност од 263,4 милијарди долари.
По „Епл“ следува „Амазон“ со вредност на брендот од приближно 350 милијарди долари, додека на третото место е „Гугл“ со 263 милијарди долари.
На четвртото место е американската компанија „Мајкрософт“ со 184,2 милијарди долари, компанијата за малопродажба „Валмарт“ е на петтото место со 112 милијарди долари, јужнокорејскиот „Самсунг“ е на шестото место со 107,3 милијарди долари, американската компанија „Фејсбук“ е на седмото место со 101,2 милијарди долари, кинеската компанија ИСБС е на осмото место со 75,1 милијарда долари, кинескиот „Хуавеи“ е рангиран на деветтото место со 71,2 милијарди долари, додека американската компанија „Веризон“ се најде на десеттото место со 69,6 милијарди долари.
Турските брендови не беа вклучени во рангирањето оваа година бидејќи не успеаја да ја достигнат вредноста од 4,6 милијарди долари, колку што изнесуваше вредноста на брендот кој се најде на дното на табелата.
Според резултатите од истражувањето, во рангирањето на држави убедливо водат САД.
На листата на „Глоуб 500“, 199 компании се од САД, 77 се од Кина, 31 се од Јапонија, 28 од Франција, 25 од Германија и 23 од Велика Британија.
Од друга страна, компанијата „Фајзер“, која ги разви вакцините што се користат во периодот на епидемијата на Ковид-19, се најде на 352. место меѓу највредните брендови во светот со вредност од 6,3 милијарди долари, додека „АстраЗенека“ го зазеде 407-то место со 5,6 милијарди долари.
- „Брендирањето треба да се стави на врвот на агендата на државите“
Мухтерем Илѓунер, директор на „Бренд финанс“ за Турција, во изјавата за Анадолија Агенција (AA) истакна дека компанијата „ТикТок“, која е новорангирана на листата, со 215 % е најбрзорастечки бренд во светот.
Зборувајќи дека технологијата продолжува да биде највредната индустрија, Илѓунер посочи дека компаниите од малопродажбата станале втората највредна деловна линија во светот со вредност која надминува 1 трилион долари, и продолжи со зборовите: „Брендовите на фармацевтските компании кои развиваат вакцини во борбата против Ковид-19 се двојно зголемени, и по број и по вредноста, во однос на минатата година. Иако вредноста на брендовите на туристичките компании се под вредностите пред епидемијата, тие се зголемуваат со намалувањето на мерките, а тоа дава надеж за периодот што следува. Американските и кинеските брендови сочинуваат две третини од табелата, додека Индија со раст од 42 % е најбрзорастечка земја.“
Ви ја претставуваме Топ 20-листата од 500-те највредни светски брендови (во милиони долари):
| За 2022 | Бренд | Држава | Вредност на брендот |
| 1 | Епл | САД | 355.080 |
| 2 | Амазон | САД | 350.273 |
| 3 | Гугл | САД | 263.425 |
| 4 | Мајкрософт | САД | 184.245 |
| 5 | Валмарт | САД | 111.918 |
| 6 | Самсунг груп | ЈК | 107.284 |
| 7 | Фејсбук | САД | 101.201 |
| 8 | ИСВС | Кина | 75.119 |
| 9 | Хуавеи | Кина | 71.233 |
| 10 | Веризон | САД | 69.639 |
| 11 | Чајна конструкшн банк | Кина | 65.546 |
| 12 | Тојота | Јапонија | 64.283 |
| 13 | ВиЧат | Кина | 62.303 |
| 14 | Агрикулчурал банк оф Чајна | Кина | 62.031 |
| 15 | Мерцедес-Бенц | Германија | 60.760 |
| 16 | Стејт грид | Кина | 60.175 |
| 17 | Дојч телеком | Германија | 60.169 |
| 18 | ТикТок/Дујин | Кина | 58.980 |
| 19 | Дизни | САД | 57.059 |
| 20 | Хоум депот | САД | 56.312 |