Enver İbrahimkadic
03 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
РИЈАД (АА) – Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран, а на дипломатските службеници на таа земја им е даден рок од 48 саати да ја напуштат Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова го изјави министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адил ел-Јубеир на конференцијата за медиумите во престолнината на Ријад.
Имено, дипломатските односи се прекинати после нападот на дипломатските претставништва во Техеран и Машхад.
Шефот на саудиската дипломатија Ел-Јубеир кој истакна дека иранските дипломатски службеници мораат да ја напуштат Саудиска Арабија во рок од 48 часа, изјави дека Иран немарно се однесува кон заштитата на странските мисии во својата земја за кои е должен да ги штити.
Како илустрација на своите тврдења го наведе примерот на нападот на американската амбасада во 1979 година и нападот на британската амбасада 2011 година како и примерот на вчерашните напади на саудиските дипломатски претставништва во Техеран и Машхад.
Потсетуваме, до дипломатската криза дојде откако властите на Саудиска Арабија вчера соопштија дека погубија 47 лица осудени за тероризам, меѓу кои е и верскиот челник на шиитското малцинство во таа земја Ал-Нимр.
После тоа, дојде до протести за време на кои демонстрантите ја запалија зградата на амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран и конзулатот во Машхад на североистокот на земјата.
Извршувањето на смртната пресуда над 47 лица предизвика низа реакции и осуда од страна на лидерите на Европската унија, Обединетите нации, САД и другите адреси, но најострите реакции стасуваа од Иран, чиј министер за надворешни работи порача дека “Саудиска Арабија за оваа политика ќе плати висока цена“ .
Властите во Саудиска Арабија ги отфрлаат критиките на сметка на недостатоците на праведен систем и судските процеси во својата земја, а реакциите на Иран ги оценуваат како “неприфатливи“ .
Неименуван функционер на Министерството на надворешни работи на Саудиска Арабија тврди дека погубените беа активни членови на терористичките движења, а дека Иран со својата реакција го “открива вистинското лице и својата поддршка на тероризмот“ .