Ekip
28 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
ДЕТРОИТ (АА) - „Тојота“ повлекува 191.000 автомобили во Северна Америка и Јапонија, бидејќи постои можност при судир воздушните перничиња да не се надуваат правилно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ваквото повлекување опфаќа компактни седан модели на „корола“ од 2003 до 2008 година и „матрикс“ од 2008 година.
Од „Тојота“ наведоа дека предните патнички воздушни перничиња во автомобилите се вградени во претходното повлекување, за да ги заменат опасните воздушни перничиња на компанијата „Таката“. Истакнаа дека тие замени не ги извршила „Таката“.
На високите температури постои можност заменските перничиња да не се развијат како што е предвидено, со што се зголемува ризикот од повреди при судир.
„Тојота“ ги извести сопствениците на возилата дека трговците без никаков надомест ќе ги заменат воздушните перничиња со подобра верзија. За деталите компаниите писмено ќе ги известат сопствениците, до октомври оваа година.