Övünç Kutlu
23 Февруари 2022•Ажурирај: 23 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Вредноста на биткоинот денеска се зголеми, откако изгуби повеќе од 18 проценти за една недела, бидејќи зголемените тензии помеѓу Русија и Украина ги одвратија инвеститорите од ризични средства кон безбедно засолниште со скапоцени метали, јавува Агенција Анадолија (АА).
Биткоинот, најголемата криптовалута во светот по пазарната капитализација, падна на 36.404 долари во вторникот, нејзиното најниско ниво од 28 јануари.
Ова означи неделен пад од 18,3 проценти од 15 февруари, кога биткоинот се затвори на 44.559 долари.
Во 10:40 според GMT (Средно време по Гринич), цената на биткоинот се тргуваше по 38.904 долари, што е дневна добивка од 3 проценти.
Вкупната вредност на криптопазарот, исто така изнесуваше 1,76 трилиони долари со дневен пораст од 4,5 проценти.
Етереумот исто така покажа одредено закрепнување, поставувајќи дневна добивка од 6,9 проценти на 2.720 долари.
Најголемиот алткоин во светот по пазарна вредност забележа пад на цената за 21,4 проценти за една недела до 2.500 долари во вторникот.
Скапоцените метали, од друга страна пак, покажаа одредено повлекување од нивните месечни врвови.
Златото беше 1.895 долари по унца со пад од 0,17 отсто откако во вторникот се искачи на високо ниво од 1.914 долари, највисоко ниво од минатиот 1 јуни.
Среброто претходно падна на 24,03 по унца, повлекувајќи се од највисоко ниво на претходната сесија од 24,37 долари.