Gamze Türkoğlu Oğuz
20 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Во австралискиот град Калгурли, аматер шетајќи се по лободарник, со помош на неговиот метален детектор, под земјата пронашол злато со тежина од 1,4 килограми во вредност од 100.000 австралиски долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мет Кук, сопственик на продавница за продажба на опрема за ловци на злато, споделувајќи го пронајденото злато на интернет, напиша: „Влезе во продавницата и со голема насмевка ја покажа торбичката со злато. Беше малку поголема од едно пакетче цигари, но беше неверојатно тешка“.
Три четвртини од златото во Австралија се ископува во и околу Калгурли.
Во земјата, претходно, девојка при пешачењето во природа за Денот на мајката, исто така, пронајде злато од 624 грама.
Вредноста на златото што го пронајде девојчето кое живее во државата Викторија изнесува 35 илјади австралиски долари.