Bahattin Gönültaş
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
БЕРЛИН (АА) - Бројот на невработени во Германија се зголеми за 103.000 во јуни и се искачи на 2.363.000 поради приклучувањето на бегалците од Украина на пазарот на трудот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Германската Федерална агенција за вработување (BA) ги соопшти јунските податоци за невработеноста.
Според тоа, бројот на невработени во земјата, кој не е сезонски приспособен, во јуни е зголемен за 103.000 во однос на претходниот месец и изнесува 2.363.000.
Очекувањата беа бројот на невработени на пазарот на трудот да се намали за 6.000 во јуни.
Сезонски приспособената стапка на невработеност во јуни се зголеми на 5,3 отсто од 5 отсто.
Детлеф Шеле, шефот на Федералната агенција за вработување, во својата проценка на оваа тема, наведувајќи дека пазарот на трудот во Германија е генерално стабилен, додаде: „Невработеноста нагло се зголеми во јуни. Меѓутоа, овие зголемувања од Агенцијата за вработување сега се евидентирани како барање работа и тоа е видливо во статистиката на пазарот на трудот.“