Ekip
26 Декември 2022•Ажурирај: 27 Декември 2022
БЕРЛИН (АА) - Паралелно со поскапувањето на бензините, во североисточна Германија годинава значително се зголемија бегствата од бензинските пумпи без плаќање и кражбата на гориво, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во покраината Мекленбург-Западна Померанија, имало 1.811 случаи на луѓе кои побегнале од бензински пумпи без да платат заклучно со декември, што е зголемување за 43 отсто од 2021 година, според полициските податоци цитирани во веста на германската новинска агенција ДПА.
Случаите предизвикале штета од 137.700 евра, двојно повеќе од загубите забележани минатата година, се вели во веста.
Во меѓувреме, инцидентите со кражба на гориво бележат пораст од 120 проценти од 2021 година, што доведе до штети од околу 485.000 евра.
„Случаите на бегство без плаќање се „извонредно зголемени“ и во главниот град Берлин“, изјави за ДПА началничката на полицијата, Барбара Словик, без да даде конкретни бројки.
„Тоа лесно може да се објасни со високиот пораст на цените“, додаде таа.
Во Берлин, исто така, има повеќе кражби на регистарски таблички и делови за автомобили, особено затоа што украдените регистарски таблички се клучна компонента за бегање по полнењето гориво на бензинските пумпи.